Пожарот во Битола во кој попладнето беа повредени двајца пожарникари, сѐ уште не е ставен под контрола.
Како што може да се забележи и на фотографиите, пожарот не е нималку наивен и понатаму.
Во борбата со огнената стихија, Димкоски посочи дека се вклучени 35 пожарникари од ТППЕ Битола, како и граѓани кои доброволно помагаат во справувањето.
Тој соопшти дека едниот од пожарникарите е задржан на лекување во битолската болница со изгореници на дланките и подлактицата.