(Фото) Тешка сообраќајна несреќа кај Соборниот храм – Неколку лица се повредени

Тешка сообраќајка во центарот на градот, три возила се судрија на раскрсницата кај Соборен храм. Според информациите на Инфомакс во несреќата има и две потешко повредени лица кои се на пат кон болница, а на терен веќе е пристигната и полицијата.

Според првичните информации причината за несреќата е што едно од возилата поминало на црвено. Делови од автомобилите се распрскани на булеварот. Едниот од нив е со целосно искршен преден дел, додека на друг е активирано и воздушното перниче поради силината на ударот.

Пронајдете не на следниве мрежи: