Познатиот светски бенд кој го најави својот концерт во Комбанк арената во Белград на својот официјален Фејсбук профил ја споделија песната на нашата Македонка, Мартина Блажевска.
Мартина е девојка која неверојатно добро свири на гитара, а досега има направено неколку преработки на песни на познати бендови.
Нејзината последна преработка е песната на Jamiroquai, „Virtual Insanity“.
Очигледно на бендот навистина му се допаднала изведбата на Мартина, па нејзиното видео го споделија на нивната Фејсбук страна, каде тоа доби неверојатно позитивни коментари.Познатиот светски бенд кој го најави својот концерт во Комбанк арената во Белград на својот официјален Фејсбук профил