Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој вети дека ќе стави крај на конфликтот меѓу Киев и Москва за 24 часа, всушност подготвува капитулација на Украина, која би била неподнослива за Украинците и понижување за Европејците, предупреди денеска поранешниот француски претседател, социјалистот Франсоа Оланд.
– Она што Трамп го кажува, дури и во афект, го постигнува на прекумерен начин, рече Оланд, кој беше на претседателската функција речиси во исто време со Трамп во неговиот прв мандат, пренесува Бета.
Оланд оцени дека „Трамп ќе престане да и помага на Украина што ќе претставува проблем со нерамнотежа на силите, а потоа ќе му дозволи на рускиот претседател Владимир Путин да задржи дел од територијата што ја стекна во руските офанзиви во 2014 година и од 2022 година“.
Според него, Трамп подоцна ќе им каже на Европејците дека тие се задолжени за безбедноста на остатокот од територијата на Украина, како и за обновата на земја.
– Накратко, Трамп не подготвува мир, туку капитулација на Украина, тврди поранешниот претседател на Франција.