Неколку француски државни веб-страници беа цел на хакерски напади на 25 август по апсењето на ко-основачот на Телеграм, Павел Дуров во Франција, пишува весникот „Паризиен“.
„Хакерските групи кои го поддржуваат Павел Дуров ја презедоа одговорноста за DDoS нападите во неделата. „Неколку француски сајтови беа забавени или привремено недостапни во текот на денот“, се вели во написот.
Мета беа веб-страниците на Националната агенција за безбедност на лекови и медицински производи (ANSM), весникот Voik du Nord, како и голем број други ресурси.
Исто така, цел на хакерите била и веб-страницата на еден од државните органи во земјата, каде се објавуваат закони и прописи, тврди „Паризиен“.
За потсетување, француските медиуми во саботата вечерта објавија дека основачот на Телеграм, Павел Дуров, бил приведен на аеродромот Бурж по пристигнувањето од Азербејџан. Како што тврдат, Дуров е обвинет дека одбил да соработува за прашања за финансиски и сајбер криминал на Телеграм.