Уредувањето на мал стан претставува вистинско задоволство доколку сте уметничка душа.
Пар од Австралија ви покажува како да уредите стан од 23 квадрати и да го претворите во функционално место за живеење.
Никогаш не би помислиле дека станот има толку мала квадратура со оглед на тоа колку добро е искористен просторот. Можеби ова ви звучи како нереално, но ќе се уверите откако ќе го погледнете видеото.
Големите прозорци прават илузија дека станува збор за поголем простор, а работната маса по потреба се претвора во трпезариска.
Погледнете го инспиративното видео од уредениот стан кое ќе ве убеди дека и малиот простор може да биде претворен во бајка доколку го уредувате со љубов и внимание.