Хамас објави видео како ослободува две баби: Им подели чај и колачиња за збогум

Хамас објави видео во кое се прикажува моментот на ослободување на две заложнички – Нурит Купер и Јохавед Лифшиц. На видеото се прикажани двете како споделуваат чај и колачиња со членовите на Хамас пред да се збогуваат со нив.

Портпаролот на израелскиот премиер издаде соопштение за ослободувањете на двете постари Израелки.

„Специјалниот пратеник за киднапирани и исчезнати лица извести дека денеска (понеделник) Нурит Купер (79) и Јохевед Лифшиц (85) се ослободени од рацете на терористичката организација Хамас“, се вели во соопштението.

Двете беа киднапирани за време на нападот во саботата (7 октомври 2023) од нивните домови во кибуцот Нир Оз. Амирам, сопруг на 79-годишната Купер, и Одед, сопругот на 85-годишната Лифшиц, кои беа киднапирани заедно со нив, сè уште се во рацете на Хамас заедно со останатите заложници, а израелските власти ќе продолжат да работат на сите начини за нивно враќање.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносните служби работеа напорно во последните неколку дена за да ги ослободат овие жени и да надминат голем број тешкотии поставени од Хамас.

Откако беа предадени на силите на ИДФ, тие во моментов се пробиваат до медицински центар во Израел, кој е специјално организиран и подготвен за нивно прифаќање. Таму ќе ги пречекаат членови на нивните семејства.

„Израелската влада, ИДФ и целиот безбедносен естаблишмент ќе продолжат да дејствуваат во согласност со нивните најдобри способности и напори за лоцирање на сите исчезнати луѓе и враќање на сите заложнициу дома. Исто така, му се заблагодаруваме на Египет за нивната помош и на Црвениот крст за нивната важна улога во спасување на животите“, се додава во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.