Црна Гора под вода – поплавени улици, куќи, мостови

Невреме пропратено со силен дожд го зафати Рожаје, кое започна вчера во попладневните часови и траеше во текот на ноќта, поради што Ибар и речиси сите негови притоки се излеаа од коритата. Силниот дожд предизвика поплави и во Тиват, каде што беше поплавена зградата на Итната помош, а водата го опколи и основното училиште „Марко Миљанов“ во Бијело Поље, што ја скрати наставата на 30 минути.

Според првите проценки, поплавите предизвикале големи материјални штети на објекти и инфраструктура. Особено е критично во сливот на Жупаница. Во Бијело Поље утрово е евакуирана и една жена.

Патот кон Горња Ловница и Ќосовица претпладне е затворен. Ловничка река создаде брана на мостот кон Кучанска џамија и ги поплави околните куќи, а неколку улици беа затворени за сообраќај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.