Принц Хари во ново интервју откри дека тој и неговиот брат со години верувале дека нивната мајка, принцезата Дијана, ја лажирала сопствената смрт.
Во интервјуто „60 Minutes“ со Андерсон Купер, кое се емитуваше во неделата, војводата од Сасекс отворено проговори за смртта на неговата мајка, покојната принцеза од Велс, која почина кога тој имаше 12 години.
Во текот на разговорот, Купер цитираше дел од мемоарите на принцот Хари, според кој верувал дека неговата мајка ја лажирала сопствената смрт за да ги избегне медиумите.
„Одбив да прифатам дека неа ја нема“, објасни Хари.
Запрашан од Купер колку долго верувал дека таа ја лажирала сопствената смрт, Хари одговори дека со години мислел дека е така. Слични мисли имал и неговиот брат Вилијам.
Со години верувале дека мајка им се повлекла од јавноста и дека еден ден ќе им се врати.
Дијана загина во фатална сообраќајна несреќа во Париз на 31 август 1997 година.