Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез денеска изјави дека во областа Рогатица и на планината Маглиќ, во Република Српска, има воени кампови за обука на паравоени формации. Хелез за Радио Слободна Европа изјави дека поседува и фотографии, пренесе Бета.
- Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца
- Градоначалникот на Минхен официјално го отвори овогодинешниот „Октоберфест“
- Економски раст во Косово во вториот квартал од 4,27%
- Николовски: ВМРО-ДПМНЕ лаже, не се способни да организираат еден саем во странство
- Николовски: ВМРО-ДПМНЕ лаже, не се способни да организираат еден саем во странство
-Не е тајна, луѓето ги гледаат селата околу Рогатица, луѓето фотографираат среде бел ден дека таму има вежба. Имам фотографии, ќе ги покажам на телевизија, рече тој.
Хелез синоќа на телевизија Н1 ги презентираше првите информации за наводно постоење кампови за обука на паравоени формации во РС, наведувајќи дека станува збор „за некои млади и некои луѓе од Русија“, не сакајќи да каже од кого ја добил информацијата .
На тврдењата на Хелез реагираше министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ кој остро ја осуди и отфрли изјавата на министерот за одбрана на БиХ за постоење на руски воени кампови во РС, кои работат под закрила на МВР на РС.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.