Холивуд му помагал на Хитлер во ширење на нацистичката пропаганда

Историчари тврдат дека Холивуд со години пред почетокот на II Светска војна помагал на режимот на Адолф Хитлер и промовирал нацистичка пропаганда.
Историчарот Бен Јурванд(35) го напишал делото „The Collaboration: Hollywood’s Pacts With Hitler” кое се заснова на документ кој докажува дека американците активно учествувале во пропагандата на нацистите. „ Холивуд не соработувал само со нацистичка Германија, туку и со Адолф Хитлер“ изјавил Јурванд за „Њујорк Тајмс“.
Јурвард е фолк музичар од Австралија и бивш студент на Харвард , а интересот на оваа тема му се јавил кога како студент прочитал текст во кој сценаристот Бад Сулберг раскажувал за состаноци помеѓу директорите на филмската куќа „MGM” и Хитлер.
Во документот кој тој го поседува опишано е како многу Евреи кои биле директори на филмските куќи во Холивуд ги цензурирале своите филмови за да одговараат на режимот, правеле германски пропагандни филмови, па дури го финансирале и производството на оружје во Германија.

Соработката помеѓу Холивуд и режимот започнала во 1930 година со филмот „На западот ништо ново“ направен од „Universal” кој се појавил веднаш по немирите во Германија, предизвикани од нацистичката партија.
Многу од филмските куќи соработувале со Хитлер само поради зголемување на профитот. Во тоа време во Германија постоел закон кој не дозволувал странски компании да извозуваат валута, а направиле исклучок за „MGM” бидејќи го финансирале производството на германското наоружување.
Во јуни 1939 година „MGM” организирале тура за 10 нацистички новинари-уредници за посета на нивното студио во Лос Анџелес, а за време на 1930тите ни еден евреин не играл во било кој холивудски филм. Историчари тврдат дека Холивуд со години пред почетокот на II Светска војна помагал на режимот на Адолф Хитлер и промо

Пронајдете не на следниве мрежи: