Телата на 18 мигранти се пронајдени во напуштен камион кај селото Локорско кај Софија, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи, пренесува Btvnovinite.com.
Уште 14 лица се префрлени во болниците во Софија во тешка состојба, а на најмалку десет лица им била укажана помош на местото каде што биле пронајдени.
- Познат астролог предвидува шокантни пресврти во животот на овие 3 хороскопски знаци во ноември
- Вандализам во Капиштец, обиен багер
- Зеленски: Русија ја нападна енергетската инфраструктура на Украина со околу 120 проектили и 90 дронови
- Русите го прекинаа гасот за Австрија, го праќаат во Европа
- СДСМ: Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните ќе нема за леб
Се проценува дека во шлеперот кој превезувал дрва имало вкупно 40 лица. Бугарските медиуми јавуваат дека мигрантите биле скриени во специјално скривалиште под товарот и дека долго време поминале без храна и вода
Според бугарските медиуми, возачите побегнале и по нив се трага.
Инаку, камионот бил пронајден два часа по полноќ.
Истрагата е во тек, а на терен се бројни полициски и возила на брза помош.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.