ИТАЛИЈА – Пронајдено новороденче во корпа за отпадоци: Мислев дека е мачка…

Новороденче е пронајдено во саботата вечерта во канта за ѓубре во италијанскиот град Виланова Канавезе, недалеку од Торино, јави медиумската агенција ANSA.

Станува збор за момче кое било пронајдено во најлонска кеса, заедно со плацентата и папочната врвца.

Понижувачки божиќен обичај на кралското семејство: Многумина поради страм си заминуваат од семејните вечери (фото)
Британското кралско семејство ги привршува подготовките за утрешниот Божиќ, а некои нивни обичаи секоја година привлекуваат големо внимание. Еден од нив беше омразен за принцезата Дијана, а на другите …
Сега е јасно: Постои и осми континент (Видеа)
Постои и осми континент кој интензивно се истражува, а кој научниците успеаја целосно да го мапираат за прв пат во последните месеци. Се вика Зеландија, се наоѓа …

И покрај ниските температури, здравјето на момчето кое докторите го крстиле Лоренцо засега е добро.

Бебето го пронашол 49-годишен маж кој живее во близина и сакал да фрли нешто во ѓубрето. Го спречил детски плач.

„Најпрво мислев дека е мачка. Дури по некое време сфатив дека е бебе“, рекол тој.

По откритието повикал полиција, а детето било пренесено во болница.

Полицијата отвори истрага како новороденчето завршило во ѓубре.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.