ХОРОР НА ОСТРОВОТ ЕВИЈА: Таткото се обидел да го силува деветгодишниот син, мајката го пријавила злосторството кое предизвика згрозеност во Грција

Властите во градот Халкида на грчкиот остров Евија ја истражуваат пријавата на мајка дека нејзиниот отуѓен сопруг се обидел да го силува нивниот деветгодишен син во нејзиниот дом.

Прототема наведува дека овој случај предизвикал згрозеност во Грција.

ХОРОР НА ОСТРОВОТ ЕВИЈА: Таткото се обидел да го силува деветгодишниот син, мајката го пријавила злосторството кое предизвика згрозеност во Грција

Во шокантната пријава во полиција, поднесена вчера попладне од 49-годишна мајка, се наведува дека 39-годишниот татко на детето го внел детето во куќата и се обидел да го силува.

Се наведува дека таткото е обвинет за обид за силување, полови дејствија врз малолетник и кршење на законот против семејно насилство.

Во Прототема се наведува дека се очекува момчето да биде прегледано од лекар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.