Иако поголемиот дел од луѓето уживаат во божиќните празници и во се’ што носи празничното расположение, постојат и такви кои живеат за декември.
Тие не чекаат со украсувањето на елката, божиќните филмови се единствени на нивниот моментален репертоар, а не ги забораваат ниту празничните напитоци како грееното вино и топлото чоколадо. Личностите родени во овие хороскопски знаци се вистински “божиќни манијаци”.
Бик
Биковите работат со полна пареа во текот на целиот месец. Тие потполно уживаат во божиќната атмосфера, па затоа во нивниот дом честопати можете да ги затекнете како печат колачиња со божиќна музика во позадина.
Рак
Фамилијарно настроените Ракови се огромни љубители на празниците. Тие купуваат подароци кога никој и не размислува на нив, а се помеѓу првите кои ги вклучуваат празничните светилки. Ова е нивниот омилен период во годината и целта им е да направат да трае што е можно подолго.
Риби
Романтичните Риби најмногу уживаат во ова доба од годината. Нивниот дом веќе одамна е украсен, а тие ќе ве натераат да ги слушате популарните божиќни песни со нив, кои според нивното мислење треба да се слушаат во текот на целата година. Многу се посветени кон купувањето подароци за кои добро промислуваат пред да се одлучат.
Лав
Лицата родени во знакот на Лав уживаат во божиќното расположение, најмногу поради динамичноста кое тоа го носи со себе, како и постојаното дружење и активности. Лавовите обожуваат да разменуваат подароци со саканите личности, а што се однесува до готвењето и декорирањето во домот, тоа им го препуштаат на покреативните раце.