Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај во понеделникот соопшти дека за амбасадор во Хрватска ќе биде именуван косовски Србин и дека во тек се консултации за избор на личноста, пренесува Коха.нет.Како што пренесува порталот, Хоџај истакнал дека Косово е мултиетничка држава и дека ќе секогаш ќе остане таква, потсетувајќи дека замениците на косовските амбасадори во Њујорк и Брисел се од српска националност.„Во нашата влада еден вицепремиер и тројца министри се Срби, тие се дел од сите можни институции, вклучително и во надворешните работи каде што се на раководни функции“, изјави Хоџај.Во работата на косовската влада учествуваа Самостојната либерална партија, во која членуваат Срби на Косово.
МакфаксМинистерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај во понеделникот соопшти дека за амбасадор во Хрватска ќе биде именуван косовски Србин и дека