За Марцело Брозовиќ, еден од најдобрите во составот на Хрватска на Мундијалот во Катар, изминативе денови се пишувани многу работи, меѓу кои најмногу се потенцираше неговата неуморност на теренот и рекордите во минати километри, како и неговата хумана страна со оглед што пред извесно време плати операција на девојче од Македонија кое воопшто и не го познаваше.
Шпанскиот весник „Марка“ во пресрет на утрешното полуфинале помеѓу Хрватите и Аргентина пишува и за неговата проблематична страна, како и за изненадувањата кои им ги има направено на соиграчите.
Најмногу се потенцираат неговите тетоважи, а текстот почнува со изјавата на Иван Перишиќ: „Си се надминал самиот себе си“ кога му ја покажал тетовираната бомба на вратот.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.