Хрватска пријавила забранет пестицид во пиперки увезени од Македонија

Забранет токсичен пестицид е откриен во зеленчук увезен од Македонија, објави во средата Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна.

-Во пиперките од Македонија откриени се остатоци од пестицидот форметанат. Ризикот е сериозен, се вели во денешното соопштение.

Форметанат е исклучително ефикасен инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји се уште го користат, но во Европската Унија е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето, јавува Н1.

Форметанатот е многу акутно токсичен ако се проголта орално, умерено токсичен ако се вдишува и има ниска акутна токсичност ако се нанесува на кожата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.