Хрватскиот министер за надворешни работи се извини што пред камерите ја бакна својата германска колешка.
Шефот на хрватската дипломатија предизвика контроверзии на состанокот на министрите на ЕУ во четвртокот во Берлин. Министрите се фотографираа, камерите снимаа, а последна им се придружи германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок . Таа застана до Горан Грлиќ-Радман , кој прво ѝ ја подаде раката, а потоа ја бакна.
- Снег ја затрупа Јужноафриканската Република
- (Видео) Премиере, еве како да го вратиш името – Сајбер Команда со Филип Петровски вечерва во 21.30!
- Франција има нова влада по неколкунеделната политичка неизвесност
- Израелската војска соопшти дека погодила „илјадници“ ракетни лансери во Либан
- Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси
Камерите го овековечија неговото наведнување кон Бербокова и бакнежот, а на германската министерка како да и беше малку непријатно и не возврати.
Грлиќ-Радман е критикуван во некои хрватски медиуми, а активистката за правата на жените Рада Бориќ го опиша инцидентот како „многу непримерен“.
Министерот Грлиќ-Радман овој момент го нарече „топол, човечки пристап кон колешката“. Но, тој призна дека „моментот можеби бил незгоден“ и се извини на секој што го сфатил неговиот потег како навредлив. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок засега не го коментира видеото.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.