Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска е казнет во износ од 3.000 куни (400 евра) поради несовпаѓање на имотниот лист.
Комисијата за одлучување за судир на интереси донесе решение дека Пленковиќ го прекршил Законот за спречување судир на интереси, бидејќи во имотниот лист не го навел имотот кај Дубровник, кој како косопственик го наследила неговата сопруга и поради погрешно изјавил износи од надоместокот на неговата сопруга.
Постапката е започната во октомври. Комисијата не го прифати претходното образложение на премиерот со кое тој се обиде да ја оправда неусогласеноста на податоците наведени во имотната картичка и доставениот од Даночната управа.
Пленковиќ претходно изјави дека неговата сопруга не знаела дека третина од имотот наследила од нејзиниот покоен татко, кога била малолетна, па не му го кажала тоа. За неусогласеноста во висината на надоместоците за време на породилното отсуство, премиерот рече дека неговата сопруга не сметала дека покрај платата треба да пријави и помали надоместоци.
Владата на Хрватска денеска соопшти дека станува збор за ненамерен пропуст, кој во меѓувреме е отстранет и дека премиерот ќе ја почитува одлуката.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.