Хути: Ќе продолжиме да ги напаѓаме израелските бродови додека не престане агресијата врз Газа

– Портпаролот на Хутите Мухамед Абдулсалам рече дека ставот на јеменската бунтовничка група за војната во Газа не е променет по американско-британските напади врз Јемен.

„Нападите врз израелските бродови и бродовите кои одат кон пристаништата на окупирана Палестина ќе продолжат“, изјави Абдулсалам за британски медиуми.

СИЉАНОВСКА-ГУТЕРЕШ: Македонската евроинтеграција треба да се случи што е можно побрзо
Македонската евроинтеграција целосно заслужено треба да се случи што е можно побрзо, истакнал генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш на денешната средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова …
ТЕЛОТО ПРОНАЈДЕНО ВО БЛИЗИНА НА НЕЈЗИНИОТ ДОМ: Уапсен 45-годишнен маж за убиството на Наташа Соврановски
Телото на мртвата 25-годишна девојка е пронајдено во шума во близина на местото каде што живеела. Маж (45) е во притвор бидејќи се вели дека ја убил девојката …

Набрзо по неговата изјава Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) издаде предупредување за напад во близина на брегот на Јемен.

Пентагон подоцна потврди дека станува збор за товарен брод, во сопственост на САД.

„Противбродска балистичка ракета истрелана од јеменските проирански Хути милитанти погоди транспортен брод во американска сопственост што пловел под знамето на Маршалските Острови“, објави Пентагон на социјалната мрежа Х, порано Твитер.

Во соопштението се наведува дека при нападот од бродот не се пријавени повредени или значителна штета и бродот го продолжил патувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.