Царинските службеници на „Табановце“ во текот на минатиот викенд запленија околу 20 илјади евра кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата. Непријавените девизи се откриени при детална контрола на возилото со кое лицето патувало.
- Француската ѕвезда заработува 240.000 неделно, а носи копачки од 65 евра
- 4 хороскопски знаци очекуваат луда среќа во октомври! Ќе цвета на сите полиња
- Што ќе прави Путин?! Германија на нозе, и испрати јасна порака на Аналена Бербок! „Сакаш да му угодиш…“
- ИЗРАЕЛ ЈА ПОГОДИ РУСКАТА БАЗА ВО СИРИЈА?! Убиен соработник на иранската револуционерна гарда, одекнуваа експлозии
- Министерот за одбрана на Франција: Русија е нашата главна закана!
- Бајден му рече „НЕ“ на Израел!
- Дневен хороскоп за четврток, 3 октомври! Раковите во неволја, Рибите ќе имаат среќа со пари
- Зеленски се надева на ефикасна соработка со новиот генерален секретар на НАТО
- Драма во Германија: Лекарите извлекле брачен пар од воз, се стравува дека се заразени со смртоносен вирус
На 22 октомври, македонскиот државјанин кој управувал возило со шведски регистарски таблички, на влез во државава изјавил дека со себе има само околу 10 илјади евра, иако носел вкупно 29.950 евра. Поради постоење на сомнеж, царинските службеници извршиле детална контрола и притоа зад возачкиот штитник за сонце и во просторот помеѓу предните седишта откриле поголем износ на девизи, коишто лицето не ги пријавило и за истите не поседувало документ за потекло.
Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, а останатите 19.950 евра се привремено задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка. Против лицето е поднесена пријава за сторен девизен прекршок.
Царинската управа известува дека при секој влез во државата, патниците можат слободно да внесат девизи во износ до 10.000 евра по лице. Доколку се внесуваат ефективни странски пари – девизи над 10.000 евра, лицата се задолжени истите да ги пријават на царинскиот орган.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.