На денешен ден пред една година почина младиот пејач Влатко Илиевски.
Непосредно по неговата смрт се појави спотот на песната „До крајот“ кој е снимен пред две години, а Влатко ја чувал за некое друго време.
Неговите колеги и фановите со неверување ја примија лошата вест. Неговите песни засекогаш ќе останат спомен за симпатичното момче кое замина прерано.
Пејачот Влатко Илиевски кој беше пронајден мртов во својот автомобил починал од огромна количина наркотични средства. Ова е дел од извештајот на судска медицина за извршената обудкција во кој е наведена причината за смртта.
Според извештајот во крвта и организмот на Илиевски биле најдени јаки опојни дроги од кои најсилна кокаин. Но исто така имало и други послаби наркотици и алкохол. Сето тоа довело до предозираност на организмот поради што престанало да работи срцето.
Илиевски беше пронајден мртов на 6-ти јули 2018-та година, вечерта во својот автомобил во Скопје.