Цел живот погрешно ги ставате сијаличките на елката

Новогодишната еуфорија започна, а многумина веќе почнаа да ги китат своите новогодишни елки и да ги украсуваат домовите. Но, проблемот со кој повеќето од нас се соочуваат е: Како да се постават сијаличките без да се заплеткаат?
Цел живот погрешно ги ставате сијаличките на елката: Погледнете како да не се заплеткаат
Веројатно како и другите, и вие ги замотувате околу елката. Но, тоа е погрешно. Декоратерите советуваат сијаличките да се ставаат по вертикала и сметаат дека тоа е најдобриот начин елката да свети насекаде, од горе до долу. Доколку го ја накитите елката на овој начин, сијаличките нема да се заплеткаат во неа, ниту ќе останат скриени во гранките.


За да ги поставите сијаличките започнете од врвот на елката и тоа од онаа страна на која нема приклучувач за струја, а потоа спуштете ги до долу. Потоа, внимателно повлечете ги сијаличките кон десно и повторете ја постапката, но овој пат насочувајќи ги нагоре. Повторувајте го овој процес додека целото дрво не го прекриете со сијалички.
За да бидете сигурни дека елката ќе свети во средината, поставете ги најсјајните украси кон внатре, бидејќи на тој начин светлината од сијаличките ќе се одбива од нив и ќе создава побогат светкав ефект.


Уште една предност на вертикалното поставување на сијаличките е што при процесот на собирање ќе ви биде многу полесно да ги раскитите од елката бидејќи нема да треба да кружите околу неа.
Нам ни звучи како добар трик, а ова е вистинскиот момент да се испроба.
Погледнете ја и оваа математичка формула за совршено накитена елка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.