Цените на акциите на Волстрит растат четврти ден по ред

Во четвртокот на њујоршки Волстрит цените растат четврти ден по ред, со што индексите Dow Jones и S&P 500 дојдоа на рекордни нивоа, бидејќи новите макроекономски податоци ги ублажија стравувањата на инвеститорите од забавувањето на растот на американската економија.Така во четвртокот, индексот Dow Jones зајакна за 0,42 отсто, на 14.865 поени, индексот S&P 500 се зголеми за 0,36 отсто, на 1.593 поени, додека индексот Nasdaq скокна за 0,09 процени, на 3.300 индексни поени. Со тоа индексите Dow Jones и S&P 500 ги достигнаа новите највисоки нивоа во историјата втор ден по ред, бидејќи пазарот беше поддржан од добрите макроекономски податоци.Иако од почетокот на година индексот S&P 500 се зголеми за 11,7 отсто, инвеститорите се загрижени поради темпото на раст на американската економија, особено откако минатиот петок беа објавени послабите од очекуваните податоци за вработувањето во март. Тие податоци во четвртокот ги ублажи податокот дека бројот на новите барања за помош на невработените минатата седмица паднал за 42 илјади, на 345 илјади, значително повеќе отколку што се очекуваше.Освен добрите вести од пазарот на трудот, инвеститорите го охрабрија и оптимизмот на трговците по прашањето на потрошувачките. Продажбата на многу американски трговски синџири во март поради полошите временски прилики, беше послаба, но аналитичарите и менаџерите на тие синџири очекуваат зголемување на продажбата веќе во април.Поради тоа, пораснаа цените на водечките трговски синџири. Меѓутоа, паднаа цените во технолошкиот сектор, кој последните денови беше меѓу водечките добитници.Аналитичарите на „Goldman Sachs“ ја намалија препораката за акциите на „Microsoft“ до „неутрално“ на „продади“, поради слабеењето на пазарот на персонални компјутери. Цените на акциите на „Microsoft“ падна за 4,45, а на „Hewlett-Packard“ за 6,5 отсто. Притоа индексот S&P на информатичкиот сектор ослаби за 0,5 отсто.
МакфаксВо четвртокот на њујоршки Волстрит цените растат четврти ден по ред, со што индексите Dow Jones и S&P 500 дојдоа н

Пронајдете не на следниве мрежи: