Цените на бензините, дизелот и екстралесното масло остануваат исти, а од полноќ за 0.323 отсто ќе биде намалена цената на Мазутот М-1 НС, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59.50 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61.50 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 денари за литар и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51.50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ ќе изнесува 26,280 денари по килограм.