Цените на гасот во Европа паднаа под 750 долари за првпат од февруари минатата година

Цените на гасот во Европа од денеска се пониски за седум отсто и изнесуваат 730-735 долари за илјада кубни метри – намалување под 750 долари за првпат од февруари минатата година, објави лондонската берза ИЦЕ (ICE).

На 19 декември земјите од Европската унија се договорија за максимална цена на гасот од 180 евра за мегават час (околу 2.000 долари за илјада кубни метри по сегашниот курс), а оваа мерка ќе стапи на сила од 15 февруари.

Високата цена на енергенсите во Европа, според западните медиуми, предизвикала најголема инфлација во последните неколку децении

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.