Цените на нафтата се задржаа близу до 79 долари на меѓународните пазари во петокот, балансирајќи помеѓу загриженоста за побарувачката во услови на нестабилна светска економија и намаленото производство во Соединетите Американски Држави (САД) поради студениот бран.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше речиси непроменета во однос на претходното затворање на трговијата и изнесуваше 78,95 долари, пренесува Мина. Позначителни ценовни промени немаше ниту на американскиот пазар каде барелот се тргуваше по 73,9 долари.