сабота, 14 ноември 2026
Најново

Централниот комитет на “Единствена Македонија“ донесе одлука да го поддржи д-р Филип Петровски за кандидат за претседател

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Централниот комитет на “Единствена Македонија“ како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса, денес, недела, 10 февруари одржа седница во врска со утврдувањето на кандидат и настап на партијата на претстојните избори за претседател на Република Македонија.
Централниот комитет на “Единствена Македонија“ како членка на „Македонија-Блокира„ донесе едногласна одлука да го поддржи д-р Филип Петровски на претстојните избори како кандидат за претседател на „Македонија-Блокира“.
“Единствена Македонија“ застанува зад кандидатурата на д-р Петровски водејќи се единствено од македонските национални и државни интереси да се порази злото во Македонија кое има свое име. Злото се вика марионетска власт Зоран Заев купена и контролирана од странски центар.
д-р Филип Петровски е кандидатот кој во моментот може да го победи кандидатот на марионетската власт на Заев бидејќи ужива народна подршка на широка основа како од членството на ВМРО-ДПМНЕ така и од големата коалиција „Македонија-Блокира„ во која членуваат 84 организации – партии и здруженија од земјата и дијаспората. Практично, д-р Филип Петровски е кандидат на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните.
Централниот комитет на “Единствена Македонија“ изразува целосна подготвеност за учество на партијата и на предвремени парламентарни избори во секое време кога и да се одржат.

                                                                                                                                                       

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

                                                                                                                                            Со почит,
                                                   Центар за комуникации на “Единствена Македонија“

 

Поврзани вести