Цеца од овие зборови ќе рони солзи, а многу мајки ќе го оправдаат- Вељко откри дали планира да се отсели од куќата откако се ожени

Вељко Ражнатовиќ се ожени со Богдана Родиќ во ноември минатата година, а пред тоа дознаа дека ќе станат родители.
Тој сега откри како се чувствува по повод „лудилото“ кое се случуваше околу неговата свадба.
„Сите кога ќе се омажат или оженат велат дека било магично. Јас навистина супер си поминав со своите најблиски, но мислам дека не сум толку емотивен. Сестра ми и мајка ми плачеа, мене ми беше преубаво и тоа е навистина најубавиот ден од мојот живот, но жените тоа го доживуваат поинаку“, рекол Вељко.


Познато е дека за неколку месеци тој и Богдана ќе станат родители. Вељко не крие дека едвај чека да дојде тој ден и открива како неговата сопруга се однесува како трудница.
„На тоа се радувам како мало дете. Отсекогаш сакав првото дете да ми биде машко. Анастасија отсекогаш имаше проблеми во животот. Се шегувам, нормално. Ме плашеа сите кога станува збор за трудници, но мојата жена е прекрасна и вистинска легенда, му благодарам на Бога“, рекол Вељко.
Тој открил и дали во блиска иднина планира да се отсели од домот на својата мајка Цеца.
„Со кој да ја оставам Цеца? Кога ќе се појави некој доволно маж да може со мајка ми барабар, јас тогаш ќе им дадам приватност ако сакаат, а до тогаш мајка ми ја чувам јас“, рекол синот на пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.