ЦЕЦА ОТКРИ ДАЛИ НАВИСТИНА СЕ МАЖИ! Се шпекулираше дека ќе застане на лудиот камен – „Можам да се замислам во венчаница, но …“

Светлана Цеца Ражнатовиќ за прв пат проговори за наводите дека повторно ќе се мажи.
Цеца неодамна на Инстаграм сподели фотографија од прстен, поради што се шпекулираше дека нејзиниот партнер Богдан Срејовиќ ја запросил.
Таа сега ги коментираше овие приказни и откри дали втор пат планира да стапне на лудиот камен.
„Сакав да напишам дека не добив еден, туку два. Тоа е глупост. Реков дека нема повеќе да се мажам. Можам да се замислам во венчаница, но да пеам на плејбек. И сакам да носам венчаници , но да застанам пред матичар или поп, тешко“, изјави Цеца.
Ражнатовиќ истакна и дека нејзиниот син Вељко е најголемиот критичар кога е во прашање нејзиниот имиџ.
„Вељко ми вели: „Што си се закопчала до грло? Облечи се како што се облекуваше“, Сакам да се облекувам убаво, да имам убави парчиња. Ако немам за оргинал, сигурно нема да носам фејк. Повеќе сум за без име, но да биде скоцкано, рекла Цеца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.