Србија во најскоро време ја очекува екстрадицијата на Доброслав Гавриќ кој во 2000-та година во хотелот Интерконтинентал во Белград го уби Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Тој се крие во Јужна Африка каде живееше под друг идентитет и усешно се криеше од властите. И таму се занимаваше со шверц на дрога па заврши во затвор. Целата постапка за неговот носење е завршена тој се очекува да биде префлен во еден од најдобро чуваните затвори во Србија, „Забела“.
Неговата екстрадиција ќе се одвива во најголема тајност и во соработка со неколку држави. Гавриќ е осуден во отсуство на 35 година затвор.
Светлана Ражнатовиќ, за српски „Курир“ ја искоментира веста дека, убиецот на нејзиниот сопруг, ќе ѝ биде испорачан на Србија од страна на Јужноафриканската Република и дека се чека само уште потписот на тамошниот министер за правда.
Фала му на Бога што конечно ќе плати за злосторството со кое го зави во црно моето семејство и уште други две! Божја правда е да лежи затвор во земјата во која го направи злосторството и од која избега како вистинска кукавица! Се надевам дека до крајот на животот ќе скапува во затворот и дека ќе има доволно време одново да се соочува со своите недела“, изјави Цеца за „Курир.рс“.