Циарас: Грција сака име што нема да влијае на нејзината историја

Грција има волја во разговорите со Македонија да прифати име што нема да влијае на грчката историја, порачува заменик-министерот за надворешни работи Костас Циарас за време на неговиот престој во Австралија.

Тој пред претставниците на грчката дијаспора порача дека еден од условите Македонија да ги отпочне преговорите за членство во ЕУ, е решавањето на спорот со името.
„Во последно време имаше некои иницијативи од страна на Министерството за надворешни работи. Од друга страна, Министерството цели да потпише Меморандум за разбирање за разговорите за прашањето за името, каде Грција има волја да се согласи на име што не влијае на грчката историја. Јасно е дека страната што не се помрднува е пјР Македонија. Друг пример, пред околу два месеци на пјР Македонија не и беше доделен датум за старт на преговорите со Европската Унија поради многу специфични причини, и извештајот што произлезе од името на ЕУ посочува на точките на кои мора да се одговори за да почнат преговорите. Една од овие точки е решавањето на спорот со името со Грција. Барем овој пат сме во многу добра позиција кон надминувањето на овие прашања. Ова е реалноста”, изјави Циарас за време на престојот во Австралија.
Макфакс
Грција има волја во разговорите со Македонија да прифати име што нема да влијае на грчката ист

Пронајдете не на следниве мрежи: