Цигарите поскапуваат за 5 денари, а стануваат и двојазични
Поради новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи цигарите ќе поскапат за 5 денари по кутија. Исто така поради овој закон нема да може да се продаваат пакувања со 19 или помалку од 20 цигари.
Законот стапи на сила лани во мај, производителите имаа 18 месеци за да ги прилагодат производите на новите барања.
Двојазичноста стапува на сила и кај цигарите. Кон крајот на годината амбалажата освен на Македонски јазик, текстот ќе мора да биде напишан и на Албански односно на писмото кое го употребуваат најмалку 20% од населението.