Ципрас ја прифати оставката на Каменос, ќе бара гласање доверба на Владата

По завршувањето на средбата со лидерот на “Независни Грци“ која траеше околу половина час и по повлекувањето на Панос Каменос од коалициската влада, грчкиот премиер Алексис Циприс изјави дека Каменос поднел оставка од позицијата министер за одбрана, а тој ја прифатил. Ципрас уште додаде дека ќе ја прифати и секоја друга оставка од редовите на “Независни Грци“ и дека набрзо ќе побара доверба од Парламентот. Нов министер за одбрана ќе биде началникот на Генералштабот, Евангелос Апостолакис, а седницата за гласање доверба би можела да биде закажана за вторник и ќе трае до четврток на полноќ со гласање, јавуваат грчки медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.