ЦРНА ГОРА СЕ ЗАТВОРА Пропаднаа новогодишните тезги на Цеца, Здравко Чолиќ и Дино Мерлин

Новите построги мерки во борбата против коронавирусот директно се одразија на откажувањето на новогодишните настапи на плоштадите во Црна Гора, каде што требаше да настапат Светлана Цеца Ражнатовиќ, Здравко Чолиќ и Дино Мерлин.
Цеца била во преговори за настап на плоштадот во tиватско Порто Монтенегро, Здравко Чолиќ имал договорен настап на плоштадот во Котор, додека Дино Мерлин договорил да се дружи со публиката на плоштадот во Бар.
На овие концерти се радуваа и црногорските хотелиери, бидејќи сметаа на голем број туристи кои поради овие ѕвезди ќе се упатат кон брегот, пренесува српски „Телеграф“.
Меѓутоа, новите мерки што ги објави министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Боровиќ на последната прес-конференција разочараа многумина.
Поради страв од ширење на сојот омиркон, Министерството за здравство не одобри јавни собири на отворено, што покрај фановите ги разочара и најголемите балкански ѕвезди.
– За жал, ништо од новогодишниот концерт. Мерките се такви што мислиме дека тоа е дефинитивно – изјавил менаџерот на Здравко Чолиќ, Драган Ѓука.
Од ПР-службата на Дино Мерлин велат дека се свесни дека шансите за одржување на концертот се минимални.
– За жал, не можеме да ги менуваме законите во државата. Многу е веројатно дека нема да има концерт, треба да видиме дали ќе ја смени одлуката, но засега е така – изјавија претставниците на медиумите на Мерлин.
– Цеца беше во преговори за настапот во Тиват, а пресуден збор за концертот главно го даваат мерките – велат во ПР-службата на фолк ѕвездата.
Да потсетиме, Министерството за здравство ја одобри работата на кафулињата, дискотеките и хотелските капацитети за време на новогодишните празници со дигитален сертификат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.