Црн викенд во Македонија: Двајца загинати во сообраќајки, повредени 23 лица

Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

Пешак и возач на патничко моторно возило загинале во две од вкупно 32 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 20 сообраќајки полесно биле повредени 23 лица, а во 10 била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

Од сообраќај биле исклучени 478 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 109 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 141 возач почетник, како и четири технички неисправни возила, 110 нерегистрирани возила и едно возило за претовар. Санкционирани биле и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 279 непрописно паркирани возила.

Четворица возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 14 возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, седум возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, тројца возачи за недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, како и 11 за некористење на заштитен шлем.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 132 возила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.