Новиот голман на Баерн Минхен, Јан Зомер синоќа ја сочува својата мрежа во Париз на мечот против ПСЖ во Лигата на шампионите кој Баварците го добија со 1-0.
Во првото полувреме ПСЖ не ни упати шут кон неговиот гол, па Зомер немаше потреба да интервенира. Во вториот дел откако во игра влезе Мбапе, францускиот тим почна да создава шанса, а голманот имаше неколку одлични одбрани.
„Во првото полувреме го имавме натпреварот под контрола, одлично се браневме, но во второто полувреме беше малку поинаку. Како и да е, ние сме поблиску до четвртфиналето отколку што бевме пред овој меч, но реваншот нема да биде прошетка во парк“, вели Јан Зомер.