Англискиот гигант Челси потроши речиси пола милијарда фунти на трансфери, а сега е времее за распродажба на фудбалерите кои не му се потребни на тренерот Грем Потер.
Медиумите на Островот пишуваат дека од „Стемфорд бриџ“ ќе си замине германскиот репрезентативец Каи Хаверц, кој пред три сезони пристигна во Лондон за 72 милиони фунти од Баер Леверкузен.
Хаверц одигра 118 натпревари за „сините“, при што постигна 29 голови и 15 асистенции за англискиот гигант, но во последно време игра многу лошо и затоа Челси сака да го продаде.
Главен кандидат за неговиот потпис е Баерн Минхен, кој ќе се обиде да го купи Хаверц уште во јануари.