Екипата на Микел Артета долго време води преговори со Шахтер за трансферот на Михајло Мудрик со кој веќе ги договори условите, но сега во целата приказна се вклучи Челси кој е подготвен да плати 100 милиони евра.
Специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо објави дека претставници на Челси се сретнале со луѓето од Шахтер во Полска, каде што разговарале за трансферот, а наскоро ќе биде позната иднината на Мудрик.
Арсенал за неговите услуги нуди 70 милиони евра плус 25 милиони во бонуси, додека Челси нема проблем веднаш да исплати 100 милиони колку што бара Шахтер.
Мудрик игра на позицијата лево крило и досега за Шахтер на 44 меча постигна 12 голови и 17 асистенции.