Четири лица, меѓу кои и двајца полицајци, се убиени во нередите во Порт Саид, на североистокот на Египет, соопштија во понеделникот локалните власти.
Непознати лица почнале да пукаат околу полициската зграда во Порт Саид, при што убиле двајца припадници на полицијата. Полицајците веднаш возвратиле на оганот и застрелале двајца од напаѓачите, соопшти египетското министерство за внатрешни работи.Во нередите кои избувнаа вчера по одлуката на министерството за внатрешни работи да премести 39 затвореници кои ја чекаат пресудата, повредени се околу 400 лица.Наредната сабота се очекува да биде изречена пресудата на вториот дел од обвинителите за насилството кое избувна на фудбалски натпревар во Порт Саид во февруари минатата година.Во првиот дел од процесот, 21 лице е осудено на смртна казна поради учество во нереди по натпреварот, во кои загинаа 74 лица.
Макфакс
Четири лица, меѓу кои и двајца полицајци, се убиени во нередите во Порт Саид, на североистокот