Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтеровата скала синоќа го погоди италијанскиот остров Сицилија. Повредени се четири лица кои не се наоѓаат во животна опасност, а причинета е материјална штета. Неколку куќи во провинцијата Катанија биле делумно разурнати, а поради оштетување на асфалтот затворен e автопатот кој ги поврзува градовите Катанија и Месин.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал 170 километри источно од градот Палермо, на длабочина од два километра под површина на земјата, соопшти Европско-Средоземноморскиот сеизмолошки центар.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.