Четвртото издание на Скопски поетски фестивал со богата програма

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“.

Ќе гостуваат поети од Норвешка, од Ирска, од Словенија, од Грција, од Хрватска и од Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети! Официјалното отворање е закажано за 30 мај во 20:00 часот во МКЦ.

Мотото на годинешниот фестивал е „Борба. Не војна!“, а автор на постерот е Андреј Павлов.

Во програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, ликовна изложба, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе се одржи мастерклас за снимање поетски филмови, а ќе се одржи и јога-час и поетско читање во природа.

Годинешното издание на фестивалот го овозможи Министерството за култура, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Хотел Цара 1928. Медиумски покровител е МИА, а медиумски партнери се Радио МОФ, Кајгана, Умно и Култура Бета.

Во прилог е програмата во целост.

СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ 2024

ПРОГРАМА

ПРЕДНАСТАНИ

29.5.2024 | Кафе-книжарница „Буква“

20:00 | „Отскочна даска“ – поетско читање на млади поети на возраст од 16 до 25 години.

30.5.2024 | Младински културен центар ‒ Скопје (бифе МКЦ)

18:30 | „Диптих“ #3 ‒ Поетско читање и разговор со авторите Танос Гогос („Глазгов“) и Џејмс О’Лери („Сакрамент за болните“), модериран од Јулијана Величковска.

ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА

30.5.2024 | Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“)

20:00 | Официјално отворање: „Борба. Не војна!“

· „Сонцето денес не изгреа“: театарски танцов перформанс на Енџи Николоска и Бојан Лазаров по мотиви од поезијата на учесниците.

· Ликовна изложба на Тома Димовски

· Поетско читање

Учесници: Одвеиг Кливе (Норвешка), Марко Погачар (Хрватска), Танос Гогос (Грција), Вероника Динтињана (Словенија), Џејмс О’Лери (Ирска), Данило Лучиќ (Србија), Катица Ќулавкова, Славе Ѓорѓо Димоски, Викторија Ангеловска, Ивана Јовановска, Владимир Лукаш, Ива Петреска, Саранда Мехмеди, Наим Иљази, Александра Спасеска и избраниот млад поет/поетеса на „Отскочна даска“.

31.5.2024

Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје

11:00 ― 12:00 | Мастерклас за поетски филмови наменета за млади, што ќе ја одржат Одвеиг Кливе и Бјорн Леив Гулбрандсен од Норвешка и Џејмс О’Лери од Ирска.

Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“)

19:00 | Проекција на поетски филмови од Одвеиг Кливе (Норвешка) и Џејмс О’Лери (Ирска)

20:00 | Интернационално поетско читање

Учесници: Одвеиг Кливе (Норвешка), Марко Погачар (Хрватска), Танос Гогос (Грција), Вероника Динтињана (Словенија), Џејмс О’Лери (Ирска), Данило Лучиќ (Србија) и Катица Ќулавкова.

1.6.2024

· Прошетка во околината на Скопје и поетско читање во природа.

· Јога-час што ќе го води Љубица Митревска

Пронајдете не на следниве мрежи: