Четириесет и девет годишен маж уапсен поради сомнеж дека неколкупати извршил обљуба врз малолетничка


Осомничениот во периодот од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година во повеќе наврати во Конче извршил обљуба врз малолетничката

Четириесет и деветгодишен жител на општина Конче е приведен под сомнение дека во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 49-годишниот Ј.К. се сомничи дека вршел обљуба врз малолетничката од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година. 

Оттаму велат дека за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица, а по документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот Ј.К. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Струмица.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: