На денешната прес-конференција од страна на оценувачката комисија на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп се соопштија одлуките на наградените. Во официјалната фестивалска програма на која учествуваа осум претстави во продукција на македонски театарски куќи, како и Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, едногласниот став и оценка на жирито во состав: Љупчо Ѓорѓиевски – режисер, Бесфорт Идризи – актер и Сотир Трајков – театарски критичар, го истакнаа следново — наградата за уметничко остварување се доделува на претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ; наградата за главна машка улога во истоимената претстава се доделува на Никола Ристановски, наградата за сценографија е доделена на сценографката Вишња Вујовиќ и четвртата награда се доделува за рекламен материјал на Димитар Димитров. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.
Линк од претставата: https://mnt.mk/pretstavi/naroden-neprijatel
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.