Чиј беше Ден Дончев?
Сметаме дека ова е легитимно прашање, ако се земе предвид дека се води истрага за Ден Дончев, потврдена денеска и од Русковска. И тоа за повеќе можни дела. Ден беше во мошне силна и влијателна фотеља. А никој не знае зошто. И од каде дојде воопшто?
Сега се води преписка меѓу Љубчо Георгиевски и Геровски. Отворено и брутално токму за тоа чиј е Ден. Чудно е што сега на сите ни текна да се прашуваме тоа. А не кога дојде во фотељата која командува со како што е кажано 700 милиони евра годишно.
Токму затоа сакаме да прашаме уште еднаш чиј е Дончев, кој го донесе. Љубчо му рече на Геро во статус: не ми го лепи Ден затоа што немам никаква лична или партиска одговорност за него, а испаѓа дека свесно пушташ лажна трага.
Но има нешто уште поиндикативно во статусот на Љубчо, а тоа е кога тој навестува дека некој од сенка го наметнал Ден, или некој кој за жал останува неименуван.
Но ни беше наметнат од страна. Потцртувам: Од повеке фактори од страна! Но тогаш сите бевме во коалиција против режимот, каде што беше и ти Branko Geroski. – му напиша Љубчо на Геровски.
Ќе дознаеме ли некогаш кои се тие повеќе фактори од страна? Според досегашната пракса да не работи кој како ќе стигне и од каде ќе стигне – НЕ ВЕРУВАМЕ!
Подолу прочитајте и за истрагата за Ден Дончев:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Се води истрага за Ден Дончев потврди денеска Вилма Русковска