Од кога вработување во администрација е нова политичка понуда?
Кумановскиот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, си ја вработил „цела партија“ во Куманово. На веб-страницата на Општина Куманово на листата за вработување во општинската администрација може да се забележат голем број членови на ЗНАМ, дури и деца на советници во Советот на Куманово.
Она што е најжално, е што „патриотите“ од ЗНАМ, чии профили на социјалните мрежи се преплавени со фотографии и објави за лидерот, сите до еден се декларирале како Албанци за да можат да се вработат во администрација.
Листата на вработени во продолжение:
Многу патриотски потег, нема што, а во продолжение, дел од нивните објави на Фејсбук.
Лесно е да имаш „политичка понуда“ кога имаш цела Општина за вработување на партиски членови. И од кога тоа вработување во администрација е „нова“ политичка понуда?