ЧЛЕН НА ГЕРМАНСКАТА ВОЈСКА ШПИОНИРАЛ ЗА РУСИТЕ? Нудел соработка на руски разузнавачи, неколку служби го бркаат!

Германски државјанин е приведен во градот Кобленц, во сојузната покраина Рајнланд-Пфалц на западот на Германија, под сомнение дека шпионирал за Русија, соопшти германското Генерално обвинителство.

ЧЛЕН НА ГЕРМАНСКАТА ВОЈСКА ШПИОНИРАЛ ЗА РУСИТЕ? Нудел соработка на руски разузнавачи, неколку служби го бркаат!

Како што се наведува во соопштението, потерницата била издадена на 27 јули 2023 година, а на 9 август службеници на германската Федерална криминалистичка служба го привеле мажот и извршиле претрес во неговиот стан и работно место.

Осомничениот Томас Х. е вработен во Федералната канцеларија за вооружување, информатичка технологија и примена на Бундесверот, која набавува и воени производи за германските вооружени сили.

Во Генералното обвинителство тврдат дека „од мај 2023 година, по своја волја, повеќепати се обраќал до Генералниот конзулат на Руската Федерација во Бон и до Руската амбасада во Берлин и понудил соработка“.

Истовремено, тој еднаш давал информации добиени во текот на неговите професионални активности за понатамошно префрлање во руската разузнавачка служба, се вели во соопштението на германското обвинителство.

Осомничениот веќе се појавил пред судија на Врховниот сојузен суд, кој му одредил апсење и притвор.

Истрагата е спроведена во тесна соработка со Сојузната воена контраразузнавачка служба и Сојузната служба за заштита на Уставот на Сојузна Република Германија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.