Човек и пол: Полицаец киднапирал куче за да го спаси од еутаназија

Данскиот полицаец Ларс Бо Ломхолт спасил волчјак од еутаназија, киднапирајќи го од клиниката во која требало да го успијат. Полицаецот за ова е осуден, но вели дека воопшто не се кае, бидејќи го спасил животот на едно живо суштество.
Кучето требало да биде успиено откако нападнало друго куче кога неговата сопственичка го шетала во 2012 година. Тој инцидент завршил со размена на податоци помеѓу сопствениците на животните и со обострано извинување, но откако нападнатото куче било однесено на ветеринар, целиот инцидент бил пријавен во полиција. Сопственичката на волчјакот платила казна и мислела дека така завршила таа приказна.
Сепак, 10 недели покасно полицијата дошла, го земала нејзиното куче и го одвела во клиниката за да го успие, со објаснување дека неговото однесување било неприродно. Целиот инцидент предизвикал бурна реакција во јавноста во Данска, но активистите за права на животните не успеале да докажат дека кучето едноставно реагирало од страв. Најтрагичното од сè е што полицијата била таа што одлучува за судбината на кучето, наместо ветеринарите.
Според зборовите на полицаецот, киднапер, кучето е одведено на безбедно место. Неговото судење е почнато, а одредени организации започнале и петиција за негово ослободување. Данскиот полицаец Ларс Бо Ломхолт спасил волчјак од еутаназија, киднапирајќи го од клиниката во која требало да го усп

Пронајдете не на следниве мрежи: