Човечки труп пронајден во водите на акумулацијата “Турија“

Вчера попладне околу 18 часот во водите на акумулацијата “Турија“ кај Струмица е пронајден човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило. Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека трупот по наредба на јавен обвинител е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација.
Портпаролката додаде дека на местото на настанот полициски службеници од СВР Струмица и јавен обвинител продолжуваат со преземање други истражни дејства за целосно документирање и расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.